Таравари: Имам пријатели во ВЛЕН, но Албанците никогаш не биле во полоша состојба

од Nikola Popovski
92 прегледи

Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во статус на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дека Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада.

„Неуспехот на ВЛЕН е болен за мене. Тие не се мои непријатели, напротив, повеќето од нив се пријатели и другари кои се жртвуваат од патетичната себичност на двајца или тројца луѓе! Ние Албанците никогаш не сме биле во толку лоша состојба како под водство на оваа Влада!“, напиша Таравари.

Несогласувањата во коалицијата ВЛЕН почнаа во месец април кога АА предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговите коалициските партии во ВЛЕН го обвинија за соработка со опозициската ДУИ и одлучија коалицијата да стане партија, но без Алијансата.

Одлуката да се излезе од Владата, Таравари објасни дека се должи на тоа што „промените што ги ветивме не ги испорачавме за што граѓаните не критикуваат. Затоа решивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори“.

По ова, партијата АА се подели на три крила.

Слични содржини