Таравари именуваше неколку нови директори во јавните здравствени установи

од Nikola Popovski
177 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека министерот Арбен Таравари именувал повеќе директори во јавните здравствени установи.

За директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија е именуван д-р Огнен Костовски.

За директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија е именуван д-р Оливер Зафировски.

Д-р Реџеп Мемеди е именуван за директор на Универзитетската клиника за детски болести.

За директор на градската општа болница „8 -ми Септември“ е именуван д-р Синиша Стојаноски.

Од претходно, нови директори добија и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и Клиника за ревматологија.

Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска – досегашна советничка во Советот на Град Скопје.

Таравари ги нарече смешни обвинувањата на опозицијата за именувањето на новите директори по клиниките, меѓу кои „немало Албанец“. Министерот истакна дека, напротив, со неговото доаѓање на чело на ресорот здравство се зголемил бројот на директори Албанци во клиниките.

Слични содржини