Отворена е директна врска меѓу граѓаните и министерот за здравство, Арбен Таравари. Вака стои во објавата на новиот предводник на ресорот здравство.
Таравари на својот официјален Фејсбук-профил објави телефонски број, на кој граѓаните ќе можат да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот.
-Споделете ги вашите предлози за здравствена заштита, пријавете неправилности, препознајте одлични лекари и предложете идеи за реформи преку нашата посебна телефонска линија: 072/899001. Запознајте се и лично со министерот за време на отворените часови за директно да разговарате за вашите грижи и идеи, стои во објавата.
Министерот најави решавање на хаваријата во јавното здравство, истакнувајќи дека Македонија има меѓу најлуксузните и најдобрите приватно организирани здравствени системи.
„Како е тоа можно, кога истите лекари се, во приватното здравство преминуваат лекари од јавното здравство. Значи, до организацијата е“, рече Таравари на панел дискусија пред да седне на министерското столче.