Tаравари: Македонија е една од ретките пост-комунистички држави каде што химната и грбот не се сменети

од Nikola Popovski
271 прегледи

Еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари смета дека е потребен пакет мерки со кој ќе се решат сите нерешени прашања во државата. Како што вели, Македонија е една од ретките пост-комунистички држави каде што химната и грбот не се сменети. Во име на ВЛЕН, додава тој, подготвени сме да разговараме за секоја тема.

-Можеби се една или две држави, освен Македонија. За жал, во минатиот период повеќе чувствителни теми се ставаа под тепих и не сакавме да се соочиме. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки за прашања кои што не се решени во изминатите 20-30 години, тука да биде грбот, химната, 20% и други етнички прашања, па потоа да се концентрираме на економија, борба против корупција, евроинтеграции…Луѓето повеќе ги интересираат подобри плати и подобар живот, рече денеска Таравари по посетата на поликлиника Бит пазар по повод отворање нов педијатриски пункт.

Запрашан што треба да стои на грбот – лав или рис, министерот оцени дека е убаво сите теми да бидат отворени и да се најде решение, а не да се оставаат за понатаму.

Слични содржини