Таравари му порача на Ахмети да одмори и му посака убаво и мирно опозиционерство

од Nikola Popovski
557 прегледи

Господинот Ахмети е возрасен и сериозен човек кој по што 22 години на власт му треба малку одмор. Најпрвин му посакуваме здравје, а потоа и конструктивност како опозиционер, порача министерот за здравство, Арбен Таравари, коментирајќи ги вчерашните пораки на Генералниот совет на Европскиот фронт, предводен од ДУИ.

Според Таравари, Ахмети ќе се обиде да ја консолидира партијата и да расчисти со „кородираните“ кадри.

-Првиот тест ќе биде во 2025 година и локалните избори. Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, додаде Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

Али Ахмети вчера порачал дека „во ВЛЕН имаат голем апетит за да бидат дел од власта“.

Слични содржини