Таравари: Надлежните органи да постават служба која што ќе дава информации на семејствата на луѓето кои се хоспитализирани по клиниките

од Nikola Popovski
224 прегледи

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари смета дека постојат неколку причини за големата бројка на смртност од Ковид-19.

„Едната е дека немаме стратегија и во тоа сме можеби едиствената држава. Требаше многу порано да се направат протоколу за терапиите што пациентите треба да ги примаат, а не тоа да биде од пред две недели. Исто така им препорачуваме на надлежните органи да направат служба која што ќе дава информации на семејствата на луѓето кои се хоспитализирани по клиниките. Поради таа неинформираност на блиските, луѓето имаат предрасуди кон здравствените власти“, посочи Таравари, говорејќи во дневникот на ТВ Сител.

За него, баш поради тие предрасуди, луѓето и кога имаат минимални симптоми не се јавуваат кај матичните лекари, затоа што мислат дека ќе се однесат во инфективните одделенија и дека нивниот живот ќе заврши фатално.

Тој истакна дека многу подобро ќе беше да имаме специјален центар.

„За жал дојдовме во ситуација каде стихијно и ад хок се носат одлуки, нема слободни места па од утре Очно станува ковид центар, да не се чудиме утре и Гинекологија да ја направат ковид центар. Без стратегија се носат одлуки кои не се адекватни и затоа се случуваат вакви непријатни ситуации кои причинуваат недоверба и незадоволство кај граѓаните“, вели Таравари.

Слични содржини