Таравари „најверојатно“ министер за здравство, тврди дека Владата ќе ги започне и ќе ги заврши преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Никогаш ВЛЕН не би била дел од Влада доколку таму не гледаме соодветни реформи, промени и напредок на државатта. Се радувам што после 22 години се случува комплетна промена на власта, вели членот на ВЛЕН, Арбен Таравари запрашан како ги коментира обвинувањата дека „без никакви услови здружената албанска коалиција влегува во Владата“.

Според него, се остава простор за вистински реформи. Вели дека е сигурен дека Владата ќе ги започне преговорите со ЕУ, додавајќи дека „не сакам да бидам преамбициозен и дека ќе ги заврши во мандатот додека трае“.

-Наскоро за 3-4 денови ќе има дефинитивен договор за нова Влада, но оставаме на идниот премиер да го објави. Немаме точна информација. При крај сме со договорот, кажа Таравари, одговарајќи на новинарски прашања за тоа кога ќе биде објавена новата влада и ресорите што ќе ги поделат новите владини партнери.

Додаде дека „кога ќе ги започнеме преговорите, да отвориме дебата и за промена на Уставот“. „На Македонија ѝ треба нов Устав“, истакна Таравари.

Градоначалникот на Гостивар одговори со зборовите „најверојатно да“, одговорајќи на прашањето дали ќе биде старо-нов министер за здравство.

Слични содржини