Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари рече дека ако треба да се оди на предвремени избори избори за градоначалник нема да ја прифати министерката функција. Според него тоа е дополнително малтретирање на 35 илјади гостиварчани.
„Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат, изјави Таравари по средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Таравари појасни дека сè уште нема донесено дефинитивна одлука и дека тоа би го кажал во понеделник.