Немам информација дека партиите од ВЛЕН ќе се обединат во една партија. Последен пат кога сме зборувале за ваква тема е некаде во јули или август лани. Ми се допаѓа идејата дека се усогласиле Самоопределување, Демократското движење, БЕСА и Алтернатива да се спојат. Супер е таа идеја, што побрзо да се спојат, а ние како АА се уште не сме добиле таква понуда. Ми се допаѓа идејата и ќе ја разгледаме, рече денеска еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари по изјавата на Изет Меџити околу евентуално спојување на петте партии во единствен политички субјект.
Таравари вели дека се отворени за соработка со сите, со оглед дека се локални избори во прашање. Сепак, вели дека не преговарал со ДУИ.
Крилото на Aлијанса за Албанците предводено од Таравари има пет пратеници во Собранието.
-Ако имаме (понуда), ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името Влен. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, додаде еден од лидерите на ВЛЕН.
-ВЛЕН ми пуштија повеќе би рекол ултиматум пред вчерашното Собрание. Јас никогаш не прифаќам ултиматуми, сакам разговори. Ние сме подготвени да разговараме со сите пред се со Вреди бидејќи до сега сме дел од Вреди, но ако одлучат тие четири да одат без нас, ние тоа го прифаќаме, додаде тој.
Изет Меџити денеска смируваше, велејќи дека ВЛЕН продолжува понатаму и дека разговараат со сите субјекти во коалицијата да останат заедно и тоа да се преточи во партија која што ќе ги претставува Албанците на локалните изобри.
-Единствениот кој што има дилеми и гледа како можна опција – соработка со ДУИ е господинот Арбен Таравари. За тоа него ќе го прашате. Мислам дека ВЛЕН доби 107 илјади гласови како коалиција и како спротивност на ДУИ. Никој друг нема дилеми, освен Таравари. Тој треба да расчисти со дилемите. Соработка меѓу ВЛЕН и ДУИ е неприродна, кажа вицепремиерот.
Околу листите за локалните избори, министерот за животна средина истакна дека ставот на сите во ВЛЕН е да имаат заеднички листи, заеднички кандидати и заеднички штаб, програма и платформа. Некаде, доколку е потребно, според анализите, може да поддржат и независни кандидати.