Таравари: Ние Албанците, сме уморни да бидеме заложници на рѓосан политичар како Ахмети

од Viktor Jovanov
291 прегледи

Се обидовме ние со Беса и Алтернатива да направиме коалиција, но не успеа. Бујар Османи треба да биде радосен, Ахмети 4 години бараше да има само 2 албански блока. И сега е така, Алијанса за Албанците и ДУИ. Сега е битката помеѓу нас. После изборите време е Ахмети да замине во пензија. Ние Албанците, сме уморни да бидеме заложници на еден политичар кој е рѓосан.Нас ни е целта да го победиме ДУИ, и со оваа комбинација сигурно ќе го направиме тоа, изјави Градоначалникот на Гостивар од Алијансата на Албанците, Арбен Таравари.

Во однос на коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, Таравари вели дека тоа е сосема легитимно, но засега Алијансата за Албанците смета дека не е време за коалицирање.

-Искрено ова што се случи денеска,коалицијата помеѓу СДСМ и Беса е легитимно. Исто така на претседателските избори 4 албански партии истрчаа со СДСМ и тоа беше легитимно. Ние како партија Алијанса за Албанците мислиме дека не е време за вакви коалиции. Ние сме конзистентни во нашите ставови, секогаш одиме на тоа дека треба да се поддржи албанскиот блок, вели Таравари.

Слични содржини