Таравари: Обезбедена донација од вода за Клиничкиот центар

од Nikola Popovski
23 прегледи

Веќе обезбедивме донација од вода за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и тој ќе биде покриен. Ќе се обидеме да се редуцираат интервенциите, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари откако беше соопштено дека од вечерва од 22 часот, десниот дел на Скопје од реката Вардар ќе останат без снабдување со вода поради санација на главната цевководна цевка.

Претходно имаше препорака од СОЗР да се одложат операциските зафати во болниците кои што не се итни.

Министерот им се заблагодари на тие што доброволно се пријавиле за донација за вода.

-Не можам да кажам со бројка точно бидејќи немам точна цифра, кажа Таравари запрашан колку операции се одложени за периодот кога ќе се врати снабдувањето со вода.

Утре голем дел од Скопје ќе остане без вода. Санација на главниот градски цевковод ќе трае околу 15 часа уверуваат од Водовод. Подготовки пред да се затворат славините. Граѓаните во набавка, хируршките клиники ќе работата редовно, Институтот за јавно здравје со препораки.

Слични содржини