211
Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере потребните потписи за влез во претседатеската трка, откако вчера тоа го стори кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.
Претседателскиот кандидат на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, вечерва во објава на својот профил на Фејсбук соопшти дека ги собрал потребните 10.000 граѓански потписи потребни за влез во трката за шеф на државата, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април.
„Благодарам на секој од вас кој во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за вас!“, напиша Таравари во објавата на Фејсбук.