Таравари од Тирана: Не постои партија од албанскиот блок во Македонија која е против интеграцијата во ЕУ

од Nikola Popovski
243 прегледи

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа од Тирана даде изјава после завршувањето на средбата на лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија со албанскиот премиер Еди Рама.

Тој кажа дека средбата повеќе наликувала на новогодишна вечера.

-Се разговараше за предизвиците кои ги очекуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Го уверив премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ, рекол Таравари пред присутните новинари.

Тој додаде дека меѓу другото се разговарало и за уставните измени.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, синоќа на својот профил на Фејсбук објави фотографија од средбата со лидерите од албанскиот политички блок.

-Нека биде добра година за Албанците каде и да се. На здравје!#Албанско братсво, стои во објавата на Рама на социјалните мрежи.

Слични содржини