Таравари оптимист за уставните измени, смета дека парламентарните избори не треба да се одржат во јули 2024

од Nikola Popovski
472 прегледи

Лидерот на Алијанса за Албанците и првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска информираше дека претходната недела неговата партија имала состанок на Централното претседателство и воопшто не се дискутирало за тоа дали остануваат или излегуваат од Владата.

Нас битно ни е да поминат уставните промени и сме оптимисти дека ќе се случат. Ако не во таков случај, ќе видиме како понатаму. Како ќе се движат работите, така ќе одлучуваат партиските тела на АА, рече Таравари, нагласувајќи дека не е добро да се одржат предвремени избори во декември годинава или јануари 2024 година.

Според него, редовните парламентарни избори не треба да бидат во јули 2024 година бидејќи како што вели, три месеци претходно се претседателските избори и требаат многу пари.

Два пара избори за толку кратко време е нерационално. Сепак ова е мој став. Треба консензус за датумот кога ќе се одржат, кажа Таравари.

Слични содржини