Таравари: Османи остана сам со Вучиќ

од Nikola Popovski
244 прегледи

Кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари изјави дека министерот за надворешни работи Бујар Османи доцна се сетил да предложи напуштање на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Слушнав дека се предомислил за Отворен Балкан и дека ќе предложи излез на Македонија од иницијативата на Вучиќ, која ја поддржува Лавров. Му кажуваме на Османи дека доцни. Остана сам со Вучиќ“, изјавил Таравари.

Претседателскиот кандидат додал дека коалицијата ВРЕДИ ќе има целосна координација со Албанија и Косово.

„Ќе имаме целосна координација со двете албански држави, Албанија и Косово. Ќе ги прошириме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа по крв. Затоа, нема да се однесуваме како мојот противкандидат, кој како министер за надворешни работи ја оствари својот прва посета во Белград, а никогаш не сум бил во билатерална посета на Косово“, нагласил Таравари.

На првата претстојна седница на Владата, на која тема ќе биде иницијативата „Отворен Балкан“, ќе предложам повлекување од неа, најави вчера Османи. Тој ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција како обид за собирање ситни политички поени.

Османи појасни дека иницијативата повеќе била идеја на албанскиот премиер Еди Рама како обид за помирување, односно, како што рече, „излезна стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, вклучително и меѓусебно признавање“. Според зборовите на претседателскиот кандидат, по настаните во Бањска немало средба, ниту состанок во рамките на „Отворен Балкан“.

Слични содржини