Таравари: Понекогаш устата побрзо зборува додека мозокот процесуира

од Nikola Popovski
176 прегледи

Еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари денеска изјави дека продолжуваат разговорите во рамките на коалицијата за тоа како ќе настапат на локалните избори, но и општо како ќе продолжи нивниот однос во заедничкиот политички субјект, особено по објавите дека има незадоволство.

-Вечерва имаме состанок сите четворица претседатели на партии. Континуирано има комуникација. Се надевам дека работните групи ќе продолжат да изнајдат најдобро можно решение што нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите кои се дел од ВЛЕН, рече Таравари по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

За изјавите на градоначалникот на Тетово и негов коалициски партнер, Биљал Касами, лидерот на едното крило на АА изјави дека во психологијата има еден феномен кога „устата побрзо зборува додека мозокот процесуира“.

-Тоа се вика лапсус лингва. Мислам дека господинот Касами немаше намера лошо да помисли дека Алијанса за Албанците е нула. Не ги постави зборовите правилно во реченицата и се надевам дека немал лоши намери и дека не мисли како што кажа туку дека избрза и излезе како што не треба, додаде Таравари.

Пред неколку дена, третиот член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити побара од Таравари да избере страна. Вели не може да биде дел од ВЛЕН и да преговара со ДУИ и Али Ахмети. Според него, тоа може да ги поткопа смислата на промената и поделбата на политичките концепти.

Слични содржини