Таравари пред тиранскиот состанок попатно се сретна со Османи и Курти во Приштина

од Nikola Popovski
195 прегледи

Лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари денеска попатно застана во Приштина каде се сретна со косовската претседателка Вјоса Османи и косовскиот премиер Албин Курти, пред вечерашната средба во Тирана што заедно со претседателите на партиите од албанскиот блок од Македонија треба да ја има со албанскиот премиер Еди Рама.

Таравари ѝ се заблагодарил на Османи за меѓусебната соработка, уверувајќи ја дека како претседател на Алијансата за Албанците ќе работи на натамошно продлабочување на соработката.

-На средбата разговаравме и за ситуацијата на северот на Косово, која со загриженост ја следиме и гласно зборувавме за осудата на тамошните дестабилизирачки структури. Им честитав на властите на Косово за поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Европската унија, изразувајќи уверување дека ЕУ ќе биде на ниво пред исклучителниот предизвик што го загрозува мирот, безбедноста и нашите заеднички вредности, посветувајќи се на конечното обединување на нашиот континент, рекол Таравари, соопштија од АА.

На средбата со Курти, разговарале за заедничките проекти меѓу Косово и Северна Македонија, кои беа иницирани од страна на Приштина, потпишани меѓу двете страни, а кои се сметаат за важни за граѓаните и економијата на нашите две земји, но за жал наидуваат на стагнација од страна на институциите и Владата во Скопје.

Рама вечерва во Тирана ќе ги нагости лидерите на албанските партии од Македонија. На средбата покрај Таравари, е најавено присуството на Али Ахмети, Африм Гаши и Мендух Тачи.

Слични содржини