Таравари разговарал со Курти и Рама: Ниту еден од двајцата не инсистираше да се кандидирам за претседател

од Nikola Popovski
245 прегледи

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вели дека одлуката за кандидатура за претседател е донесена откако неколку анкети покажале дека за првпат, кандидат Албанец за претседател има можност да влезе во вториот круг на претседателските избори.

Тој во интервју за „Еуроњуз Албанија“ посочил дека предлогот го споделиле со премиерот на Албанија, Еди Рама и со премиерот на Косово, Албин Курти, но немало никакво инсистирање од нивна страна.

„Спроведовме неколку анкети и мерења на јавното мислење и врз основа на нив се чини дека Албанец за прв пат може да влезе во вториот круг на претседателските избори, па врз основа на нив се покажа дека вреди да се обидеме да испишеме историја во РС Македонија. Разговаравме со Курти и Рама на заедничка средба, но тоа не беше нивно инсистирање. Бевме убедени дека со кандидатура на Албанец постои реална можност албанскиот кандидат да оди во вториот круг и да ја покаже вредноста на Албанците во државата. Немаше ниту инсистирање, ниту поддршка, ниту од Курти, ниту од Рама, туку само разговаравме со нив“, рекол Таравари.

Првиот човек на Алијанса за Албанците вели дека ќе се води од Хипократовата заклетва и со неговиот избор би се создала можност-различностите да се претворат во уметност на соживот и хармонија. Уверен е дека во наредните два дена ќе ги собере потребните 10.000 потписи, а ќе бара поддршка и од македонските партии.

Слични содржини