Претседателот на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Тававари ќе биде кандидат за претседател на здружената албанска опозиција на претстојните претседателски избори. Тој денес на вонредна прес-конференција во Гостивар ќе ја објави кандидатурата.
Претходно вчера лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, чија партија е дел од Европскиот сојуз за промени, објави дека името на претседателскиот кандидат со кој на изборите на 24 април ќе настапи коалицијата е веќе познато, а во наредните денови ќе биде и јавно објавено. Додаде дека се работи за човек кој ги надминува етничките и политичките граници во земјава.
За потсетување, Алијанса за Албанците во моментов има две крила, едно на Таравари кое одлучи да оди со обединетата албанска опозиција и второ крило на претседателот на Собранието Зијадин Села кој се противеше на одлуката од Таравари. Во недела, на 18-ти февруари, партијата има закажано и партиски конгрес.
Името на Таравари за претседателски кандидат се споменуваше уште претходно, после средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина, но потоа тој демантираше.
-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари пред петнаесетина дена.
Засега е познато и името на професорката Билјана Ванковска, како претседателски кандидат поддржан од Левица.