Таравари: Села го познавам како близок соработник на Ахмети и Тачи

од Nikola Popovski
3,4K прегледи

Членот на ВЛЕН и иден министер за здравство, Арбен Таравари преку статус на Фејсбук му одговорил на неговиот довчерашен сопартиец од Алијанса за Албанците, Зијадин Села кој синоќа на телевизиска дебата го нарекол „лажго“.

Таравари со иронична објава му одговорил на својот поранешен партиски колега, потсетувајќи го дека сега соработува со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, против кои со години водел политичка битка.

-Села го познавам како поранешен мој близок соработник 9 години во опозицијата и моментално како близок соработник на Али Ахмети и Мендух Тачи…“, напишал Таравари.

Ваквата реакција следува откако синоќа Села во емисијата „Клан дебата“, меѓу другото истакнал дека Таравари го познава како лажго.

„Имаме 30 илјади гласови повеќе од нив, не лажевме, изборите ги добивме како (Европски) фронт. Потоа вели дека се дел од владата, колку што знам, владата се уште не е формирана, господинот Таравари се уште не станал министер и јас не знам што прават со преговорите“, рекол лидерот на АА и пратеник во емисијата.

Слични содржини