Таравари: Со разрешувањето на директорот на „Комунална Хигиена“, завршува нашата соработка со Арсовска

од Берта Китинска
202 прегледи

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во „Студио 10“ вели дека неговата партија ја завршува соработката со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска поради разрешувањето на Зуди Енузи од позицијата вршител на должноста директор на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кој е член на Алијансата и брат на лицето кое вчера пукаше кон толпата која протестираше.

Според него протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација.

„Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторо одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто“, вели тој.

За Енузи појаснува дека ако е рашрешен, тие ќе ја прекинат соработката со Град Скопје.

„Тој е член на Алијансата кој е разрешен, а ако е разрешен, завршува нашата приказна во Скопје. Ако е резрешен, треба градоначалничата да не консултира нас и ова го кажувам во мое име, не партиско. Денеска ќе имаме состанок и тука завршува нашата соработка со Данела Арсовска. Та го разрешила, а не ВМРО-ДПМНЕ“, рече Таравари.

Слични содржини