Таравари: ВЛЕН покажува сервилност и сака по секоја цена да биде дел од Владата

од Nikola Popovski
429 прегледи

Претседателот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари се огласи за неговата средба што ќе ја има денес со премиерот Христијан Мицкоски. Тој информирал дека ќе ги разјасни прашањата за кои Мицкоски има нејасностии во врска со функционирањето на АА како дел од Владата.

Таравари зборувал и за ВЛЕН, за кои рекол дека „се подредени и сакаат да бидат во Владата по секоја цена“.

„ВЛЕН е како сервилна партија и по секоја цена се обидуваат да бидат во Владата. Ако ова е услов, тие не ни пречат, но однадвор изгледаат несоодветно и оставаат лош впечаток. Им посакуваме успех и во текот на следниот ден ќе ја имаме нашата пратеничка група, па ќе видиме како ќе се одвиваат политичките случувања“, кажал Таравари во изјава за медиумите дадена од Тетово, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.

Додал дека во моментов партиското раководство на АА има само одлука да оди на локалните избори со посебни листи за кандидати за општински советници.

„Тоа што ние сме го поминале на Претседателство е дека Алијанса за Албанците ќе има посебни советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Така што ќе го слушнеме и премиерот и потоа ќе процениме како продолжуваме понатаму“, изјавил Таравари.

Слични содржини