Таравари за Арсовска: Се распрашав по пријатели за неа, ми кажаа остава добар впечаток

од Nikola Popovski
991 прегледи

Данела Арсовска не ја знам, ама меѓутоа кога ја објави кандидатурата, баш се заинтересирав и се распрашав по пријатели и луѓе која е, изјави денеска генералниот секретар на Алијанса на Алабанците, Арбен Таравари.

Според добиените информации, тој изјави дека „таа има фантастична биографија, дека е професионалец и човек кој што влева доверба кај граѓаните“.

-Зборував со нашето членство од Скопје и тие генерално имаат добар впечаток од Арсовска. Доколку кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за главниот град е добар, ние ќе го поддржиме, појасни Таравари, за емисијата „Жешко политичко лето“.

Вечерва Арсовска, која е претседателка на Сојузот на Стопански комори, информира дека се собрани потписите за нејзината кандидатура.

-Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена. Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот, стои во објавата на Арсовска на социјалните мрежи.

Слични содржини