Таравари за смртта на бебето: Доколку има лекарски пропуст, мораме да казнуваме

од Nikola Popovski
53 прегледи

Не знаеме со име и презиме кој е одговорен за смртта на девојчето. Неколку пати било донесено на Клиниката за педијатрија и потоа на Клиниката за детски болести. Било донесено со ниска сатурација и тафикардија. Ќе излеземе со детални информации после обдукцијата. Мора да има одговорност. Да се надеваме дека нема да се повторат вакви случувања. Доколку има лекарски пропуст, мора да се процесуира, изјави првиот човек во ресорот здравство, Арбен Таравари околу одговорноста за смртта на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника.

Според Таравари, доколку не ги казнуваат луѓе кои се однесуваат неетички и несовесно кон пациентите, вакви случаи ќе се случуваат се почесто.

-Ако очекува некој од мене и да оди и да суди без да ги земе во предвид сите случувања, нема да биде одговорно. Мораме да почнеме со казнување, доколку има лекарска грешка. Недовербата на луѓето постои во сите установи. Затоа и деноноќно работиме како да го вратиме тоа. Се обидуваме на секаков начин да помогнеме, рече меѓу другото министерот во вестите на Тв Сител.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), како што велат од Министерството, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во двете здравствени установи каде починатото бебе било лекувано.

За да се утврдат причините за смртта, Министерството за здравство ќе иницира комисија за стручен надзор на оваа клиника, но и на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле. Најави дека комисијата која ќе ги истражува и причините за тоа зошто бебето не било хоспитализирано претходно, ќе биде формирана утре (7 октомври).

Слични содржини