Таравари за утре испратил покани до членови на Централното собрание, од АА велат седницата е во сабота

од Nikola Popovski
139 прегледи

Алијансата за Албанците денеска испрати соопштение во кое се нагласува дека партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, а не во Куманово, како што вчера дел од членовите добиле порака испратена од актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари.

-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, соопштија од АА.

– Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението на АА.

Од друга страна, Таравари за утре ги поканил на средба членовите на Централното собрание.

Во сабота, партијата треба да донесе одлука дали ќе настапи самостојно на парламентарните избори, за што се залага Села, или пак, ќе биде дел од коалицијата на албанскиот политички блок, составен од Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши, како што се залага Таравари.

Слични содржини