Таравари за Законот за бранители: Не е моментот да се разговара за такви теми

од Nikola Popovski
138 прегледи

Не знам зошто се драматизира Законот за бранители. Ова е седми пат како се носи и сега мислам дека не е моментот за да се разговара за такви теми. Мислам дека таа точка засега нема да се третира, ниту да помогне, вели членот на коалицијата ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари за предложениот закон од страна на СДСМ.

Според Таравари, партиите кои се опозициски, особено оние кои се дел од „Европскиот фронт“, шестпати имаат изгласано таков закон.

-Не е моментот за тоа да се разговара, дециден е членот на ВЛЕН.

Предлог-законот, кој е блокиран во комисијата, наиде на силно противење кај албанските партии, кои нагласуваат дека решение за бранителите  не може да има, а да нема решение и за поранешните војници на УЧК.

Предлог-законот предвидува еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност ќе му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година.

Обид за создавање меѓуетнички тензии и нетрпеливост, а не вистинска помош за бранителите и нивните семејства. Вака премиерот Христијан Мицкоски гледа на потегот на социјалдемократите во Собранието да поднесат предлог-закон за бранителите.

Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче негира. Вели дека Законот за бранители има цел да одговори на реалните потреби на луѓето, а не да креира тензии. Филипче е подготвен, како што рече, да разговара за сите аспекти на предлог – решението и демантира дека пратеничката група на СДСМ излегла од салата кога се требало да се гласа дневниот ред.

Слични содржини