Таравари загрижен поради Законот за бранители, најавува разговори со ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
546 прегледи

Министерот за здравство и член на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари во интервју зборувал за расправата во Собранието и потребата од носењето на измените на Законот за бранители. Таравари потенцирал дека не треба да се манипулира со овој предлог-закон кој, според него, влезе во собраниска процедура од средината на јануари годинава кога технички премиер беше Талат Џафери, а на власт беа ДУИ и СДСМ.

„Законот бил предложен кон средината на јануари годинава кога премиер беше Талат Џафери и на седницата на Собранието кога требаше да бидат разрешени двајцата министри Фатмир Меџити и Азир Алиу. Тогаш реагираше пратеникот Халил Снопче кој побара да не се гласа за овој предлог-закон за да влезе на дневен ред, но тогаш ДУИ не расправаше ниту се обиде да го спречи да влезе во процедура“, потенцирал Таравари во интервју за Алсат.

Тој додал дека ова прашање е загрижувачко и како владин партнер ќе седнат и ќе разговараат.

„Како партнер мора да седнеме и да разговараме, ако има решение тоа да биде взаемно, односно да има решение за двете страни. Ќе направиме напори да го спречиме и ќе разговараме како коалициски партнери ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ“, нагласил Таравари.

Oд ВЛЕН вчера порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК.

Слични содржини