Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера изјави дека се слушнал со министерот за здравство Фатмир Меџити и со докторот Сашко Јовев околу случајот со разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија.
-И двајцата ми се пријатели. Секоја чест и почит кон доктор Јовев. Јас би сакал да објаснам дека секој доктор не му е доктор да собере 150 луѓе пациенти, секогаш би се солидаризирале. Тој не е изваден од работа, продолжува да работи и од денеска е само доктор. Утре има брифинг министерот за здравство… Не би сакал да зборувам во негово име, го слушнав и знам дека добив загрижувачки информации за еден менаџер да се води на работа дека 30 дена нон-стоп е активен, рече Таравари.
Според Таравари, кој е поранешен министер за здравство, има посебна институција која се вика Инспекторат и која констатирала одредени нерегуларности во Клиниката за кардиухирургија.
-Ако има злоупотреба во работењето, а мислам дека има, тогаш министерот има обврска да спроведува здравствени политики. Тој воведува што подобро да се менаџираат здравствените установи, кажа првиот човек на АА во емисијата „Само вистина“.
Меџити за денеска најави прес-конференција на која треба да ги обелодени деталите и точните причини за смената на докторот Јовев од директорското место на Кардиохирургија.