„Таргет-Тврдина” распределен кај истиот судијата кој судеше во „Организатори на 27-ми април“

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Предметот „Таргет-Тврдина“ е распределен кај судијата Илија Трпков, потврдија од Основниот Кривичен суд – Скопје за Телма, откако до нив пристигна одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот во кој поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка Гордана Јанкуловска, како и поранешни вработени во УБК и МВР се обвинети за злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права.

Предметот е распределен на Судскиот совет кој го води судијата Илија Трпков затоа што претходните судии не се веќе во судскиот оддел за гонење организиран криминал (водечката судија е во друг оддел, а вториот судија е адвокат).

Трпков беше судија и на предметите „Организатори на 27-ми април“ во кој беше обвинет и Трајко Вељановски како собраниски претседател, „Плацови на Водно“ во кој обвинети се Орце Камчев и Сашо Мијалков и предметот за убиството на Тушевски во 2001, „Ровер“ за што беше обвинет некогашниот министер, Љубе Бошкоски.

Слични содржини