Поранешниот разузнавач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски на денешното рочиште за „Таргет – Тврдина“ продолжи да одговара на прашања за нелегалното прислушување во УБК.

На рочиштето, Верушевски се соочи со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, но барањето на обвинителката Ленче Ристовска да постави дополнителни прашања за утврдување на фактичката состојба беше одбиено, бидејќи на претходното рочиште нејзиниот колега Артан Ајро рече дека нема повеќе прашања.

Според Верушевски, мозокот на нелегалното прислушување е екс премиерот Никола Груевски, а не Мијалков. „Таргет-Тврдина“ е еден од предметите на СЈО, во кој треба да се се утврди кој нелегално прислушувал 20.000 граѓани преку системите за следење на комуникации во УБК.

Слични содржини