Новите тарифи што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во април создадоа неизвесност на пазарот што значително ќе ја забави продажбата на паметни телефони, предупредуваат аналитичарите.
Според ревидираните прогнози, IDC (International Data Corp) очекува глобалните испораки на паметни телефони да пораснат само за 0,6 проценти во 2025 година, додека Counterpoint Research предвидува малку поголем раст од 1,9 проценти.
И двата истражувачки центри посочуваат на можно зголемување на цените на уредите и влошување на макроекономската средина како клучни фактори што би можеле негативно да влијаат на потрошувачката, објавува Bloomberg.