Тарифната пауза на Трамп и сомневање за инсајдерско тргување

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Неколку демократи во американскиот Сенат побараа од Федералната комисија за хартии од вредност да испита дали Доналд Трамп го прекршил законот и се вклучил во инсајдерска трговија и пазарни манипулации кога ја сменил својата одлука за тарифите.

„Ја повикуваме Комисијата да истражи дали упатените и пријателите на администрацијата имале корист на сметка на американските граѓани преку објавувањето на тарифите, што предизвикало пад на пазарот и последователно делумно закрепнување, и дали некои инсајдери, вклучително и членовите на семејството на претседателот, имале претходно знаење за суспензијата на тарифите и ја злоупотребиле за тргување со акции пред одлуката на претседателот.

Трамп во средата наутро на Твитер напиша: „ОВА Е ОДЛИЧНО ВРЕМЕ ЗА КУПУВАЊЕ!!! Објавата е напишана во време на крајно нестабилни пазарни трендови и пад на американските индекси.

Неколку часа по оваа објава, американскиот претседател одеднаш објави 90-дневна пауза за серија царини. Овој потег го подигна американскиот индекс S&P 500 за неколку процентни поени за само неколку минути. Среда заврши како најдобар ден за S&P 500 од закрепнувањето од финансиската криза во 2008 година.

Меѓу потписниците на писмото до Комисијата се лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер, членот на Комитетот за финансии Рон Вајден, сенаторите Марк Кели и Рубен Галего од Аризона и Адам Шиф од Калифорнија.

Сенаторите го обвинија Трамп дека објавил „низа неконзистентни, непромислени тарифи, кои доведоа до значителни пазарни превирања“, додавајќи: „Како директен резултат на овој хаос, американските финансиски пазари доживеаја драматичен пад за само неколку дена“.

Во писмото се забележува: „Не е јасно кој од официјалните лица и соработниците на претседателот Трамп знаел однапред за неговите планови за одложување на царините – но упатените можеби знаеле дека тој ќе објави одложување и дека берзата ќе закрепне“.

Сенаторите, исто така, укажаа на дејствијата на администрацијата на Трамп кои ги ослабуваат овластувањата на Комисијата за хартии од вредност и прашаа за последиците од неодамнешната одлука за намалување на бројот на федерални вработени и како тоа влијае на способноста на Комисијата да врши „истрага и спроведува дејствија за спроведување на законот“, како и „да ги следи и реагира на настаните на пазарот од големи размери“.

Слични содржини