„Бехтел и Енка“, како компанија, важи за една од најнетранспарентните во светски рамки. Работат насекаде низ светот, на големи комерцијални договори, меѓутоа важат за една од најнетранспарентните компании кјои апсолутно инсистираат на тајност на нивните договори. И уште еден податок кој вели дека секогаш нивните проекти завршуваат со 40 проценти повеќе од договорената сума“, истакна Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“ во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.
Според неа, таквите податоци треба да нè алармираат – зошто ние всушност сме се нафатиле на таков договор.
„Имаме примери со работењето на таа компанија и тука непосредно, и во Хрватска и во Косово и во Романија, каде што имало проблеми со транспарентноста, каде што имало проблеми со цената, каде што имало проблеми со договорот. И секаде останало тоа до крај да остане нетранспарентно, до крај контроверзно и до крај скапо за државите да плаќаат многу повеќе од тоа што е договорено“, потенцира Тасева.