Тасева: Мора сериозно да се преиспита целиот случај со „Еуростандард“ и да се види работењето на банкарскиот сектор

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Има јасно разработени постапки, порачува таа, кои укажуваат дека се извлекувани пари од банките за да се слеваат на сметки на фирми, вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во врска со стечајот на „Еуростандард банка“ и порачува дека случајот треба сериозно да се преиспита и да се види работењето на банкарскиот сектор.

„Она што го раскажува Костовски, може изгледа како фикција таква, можеби нестварна приказна, но ние имам исти такви дејствија во други случаи, како што е случајот „Кубус“, со исти такви дејствија со извлекување пари од банките. Имаме јасни разработени постапки од страна на МВР и Управа за финансиско разузнавање кои укажуваат дека се извлекувани пари од банките за да се слеваат на сметки на имоти на приватни лица. И ова мора да се раздвои и од личностите и од политиката. Мора сериозно да се преиспита целиот случај и да се види работењето на банкарскиот сектор“, вели Тасева за ТВ Алфа.

Слични содржини