Тасева: Постои висока корупција, криминалците се посилни од се во оваа држава

од Берта Китинска
550 прегледи

Докторирав во 2002 година на темата перење пари и постојао се залагам за ефективен систем за перење на пари и од тука е и мојот интерес за нелегалните финансиски текови. Не ми е јасно од каде оваа иницијатива, од каде излегоа овие пари , зар во државата имаме црни пари некаде скриени под перница, вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во Студио 10 на ТВ24 објаснувајќи ја легализацијата на капиталот во земјава.

„Во 2003 година се донесе законот за спречување перење пари, тогаш имаше недоверба во банкарскиот систем, тогаш беше аферата ТАТ. Главната поента е сега – од каде ова (легализација на капиталот), од каде сега има „пари под перница“. Треба некој да излезе и да го објасни процесот. Како може да имаме толку дела од висока корупција, не сум задоволна да живеам во криминална држава. Криминалците се посилни од се во оваа држава?“,  вели Тасева.

Слични содржини