370
Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл Македонија“ за лошиот резултат на нашата земја на последниот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ вели дека станува збор за нешто подлабоко и посериозно отколку дека тука некој влијае на мислењето или перцепцијата на граѓаните.
„Тука има рангирани 188 земји. Индексот за да формира резултат, се користат 13 различни истражувања, кои ги спроведуваат други реномирани институции. За Македонија се користеле 7 истражувања, кои се спроведени во последните две години, во 2019 и 2020 година и ова не е само за нас. Вклучени биле бизнис секторот, експерти, статистички податоци, анализа на состојби и извештани во одредени состојби“, изјави Тасева.