Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Левицата не гласаа за недела неработен ден

од Берта Китинска

Пратениците од новото стабилно парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за работни односи, недела станува неработен ден работниците.Исполнето е уште едно ветување на СДСМ. Се грижиме за унапредување на работничките права и нивниот труд, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

-Само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата ќе работат но за тоа овие работници ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час.Работниците се нашиот најголем човечки капитал.За жал при носењето на овие законски измени, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како и оние од Левица одлучија да не гласаат со што се ставија на спротивната страна од интересите на работниците.Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на граѓаните, остануваме посветени на заштита и унапредување на работничките права, кажа Тасевска.

Слични содржини