266
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска изјави дека главниот координативен штаб ќе направи безбедносна проценка и доколку има потреба вечерва ќе има зголемен број на полицајци по трасата по која што се движат демонстрантите од Влада кон зградата на МНР.
-Имаме доволно полицајци, како што кажа министерот. Случајот што беше насилен, полицајците го спречија. Имаше и во цивилка полицајци во реонот кај плоштадот „Скендербег“, имаше и од крим полиција. Тоа видео од одреден ваш агол, кај што не се гледаат сите полицајци, изјави денеска Тасевски пред новинарите откако му беше покажано видео од синоќешниот инцидент.