Тасевски: Замисли сите да живееме во држава каде што ќе бидеме задоволни, знаејќи дека се функционира како што треба

од Nikola Popovski
963 прегледи

Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, кој беше повикан во полиција, во порака преку балканскиот центар за конструктивни политики„Солуција“ истакна дека „замислува да живее во едно опшштество каде што здравството ќе функционира беспрекорно и каде што во судот не мора да се бркаат врски за да се докаже дека некој дека е исправен“. Како што информираат од „Солуција“ Тасевски е вклучен „во делот на борба за враќање на функционалноста на институциите, а против клиентелизам и партизација“.

-Каде што ќе отидам во еден државен орган, нема да ми треба да познавам некого, за да ја завршам работата која се завршува за пет минути. Замислете и сите вие да живеете во држава каде што сите ќе бидеме задоволни и кога ќе одиме по улица ќе бидеме насмеани, знаејќи дека се функционира како што треба, вели Тасевски во објавеното видео на „Солуција“.

Тасевски ја потврдил информацијата за разговорот во полиција и најавил дека деталите во јавност ќе ги соопшти денес на прес-конференција. Синдикатот на контролорите на летање неколку пати досега обвини дека во Агенцијата се вработуваат несоодветни кадри.

Кон крајот на декември минатата година, Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ прифати да го одложи штрајкот што го најави од 31 декември до втори јануари, за време на новогодишните празници, токму поради овие незаконски огласи од кои два траеја само по два дена, за да ги видат само тие што треба да бидат вработени.

Под менторство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со ветување од него и од директорот Хамиди дека ќе се запази законската процедура за строга селекција на кандидатите кои ги поминале огласите, меѓу кои и овој за 5 инженери и двајца инструктори, Синдикатот ја повлече одлуката за штрајкот за Нова година.

Слични содржини