Бугарскиот професор и историчар, Спас Ташев повторно спдели провокативна објава насочена кон Македонија и нејзините граѓани. Тој го коментираше протестот на превозниците и блокадите на граничните премини за товарниот сообраќај. Смета дека „македонските камионџии треба да си извадат бугарски пасоши за да немаат проблем со новите правила за влез во ЕУ“.
„1. Тврдењето на медиумите дека станува збор за Македонија не е точно. Станува збор за Северна Македонија, која е само 36% од територијата на географскиот регион Македонија. Самото име Македонија создава конфузија и неосновани тврдења. Мора да се држиме до објективните факти.
2. Граѓаните на Северна Македонија самите избраа влада која не им служи на северно македонските, туку на српските интереси. Оваа влада сосема свесно ја блокира европската интеграција на Македонија, за да не дај Боже, не го престигне Белград. Во оваа ситуација, не гледам смисла во протестите, бидејќи сегашната ситуација беше претскажана.
Одлуката таму е да не се гласа за политичари зависни од Србите кои се инфилтрирале во сите партии.
3. Познавам многу возачи од Северна Македонија (на крајот на краиштата, живеам таму 4 години и никогаш не сум ги прекинал контактите) кои имаат бугарско државјанство и ги возат своите камиони во ЕУ без никакви проблеми. Затоа би препорачал на повеќе возачи од Северна Македонија да станат бугарски државјани. Тие нема да изгубат ништо, туку само ќе добијат, бидејќи Скопје и неговите лидери нема наскоро да започнат преговори со ЕУ.
4. Она што го напишав во точка 3 е индивидуален спас. Но, имам и идеја за групен спас на нашите северномакедонски браќа. Чекам ситуацијата да созрее и да почнеме да ја спроведуваме оваа идеја“, стои во објавата на Ташев.
Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во Шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.