Татјана Бојковска, CFA е нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Татјана Бојковска, CFA,CAIA, е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје.

Таа е дел од друштвото од октомври 2012 година, најпрвин како Управувач со ризици на пензиски фондови. Низ годините таа напредуваше на позициите Раководител на Секторот за управување со ризици и Раководител на Сектор инвестиции.

Пред да стане дел од системот на капитално финансирано пензиско осигурување, Татјана има стекнато богато искуство во областа на ревизија на финансиски извештаи, како и во банкарскиот сектор, во области поврзани со управување со ризици и контролинг, со што заокружува осумнаесетгодишно работно искуство во повеќе сфери од домашниот финансиски систем.

Татјана е носител на лиценците Овластен финансиски аналитичар (CFA), Овластен аналитичар за алтернативни вложувања (CAIA), како и Сертификат за мерење на инвестициски перформанси (CIPM) и е член на глобалните професионални здруженија CFA Institute и CAIA Association.

Управниот одбор на Сава пензиско друштво сега има вкупно три члена, каде покрај Татјана Бојковска, CFA членуваат и Марија Ѓорѓиевска, и д-р Петар Талески, FRM кој воедно е и Претседател на управниот одбор.

Сава пензиско друштво АД Скопје управува со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, кои се дел од капитално финансираното пензиско осигурување во Р.С. Македонија.

Слични содржини