Татко со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар

од Nikola Popovski
47 прегледи

Приведен скопјанец кој од својата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел двете малолетни деца, информираа од МВР.

На 29.09.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(24) од Скопје, по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во с.Визбегово, скопско, со закана со остар предмет и физичка сила од неговата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел нивните две малолетни деца.

Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на нивната мајка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.

Слични содржини