Татко Србин, а мајка Бразилка: За кого навиваше ќерката на Марко Јариќ и Адријана Лима? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Светското првенство во Катар собра бројни фудбалски навивачи пред малите екрани, а се чини дека децата на Марко Јариќ и Адријана Лима се едни од најстрасните.

Познатиот кошаркар сака да поминува време со своите ќерки, па овој спортски настан беше идеална можност за убави семејни моменти.

Ќерката на Марко Јариќ жестоко навиваше, а со оглед на тоа што татко ѝ е Србин, а мајка ѝ Бразилка, на лицето го нацрта бразилското знаме, додека во рацете го држеше српското знаме.

Таа будно го следеше натпреварот, а нема сомнеж дека се најде во незгодна ситуација во моментот кога Србија прими гол, бидејќи за неа тоа беше и радосна и тажна вест.

Слични содржини