Таткото ги откри последните зборови на момчето (6) пред да биде избодено 26 пати поради војната во Израел

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Неутешниот татко на шестгодишното палестинско момче откри кои биле последните зборови на неговиот храбар син кон мајка му пред да биде избоден 26 пати.

„Добро сум“, ѝ рекло момчето на мајка си, според зборовите на неговиот татко.

Вадеа Ал-Фајоме (6) беше прогласен за мртов откако беше избоден 26 пати. Полицијата го уапсила нивниот станодавец Џозеф М.Чуба и го обвинила за убиство, пишува „Дејли мејл“.

Чуба (71) од Чикаго беше уапсен откако полицијата во Илиноис соопшти дека тој брутално нападнал момче од палестинско-американско потекло и неговата мајка во саботата додека наводно извикувал антимуслимански навреди.

Тој е обвинет за злосторство од омраза, а полицијата верува дека тој ги нападнал жртвите поради нивната исламска вера и како одговор на војната меѓу Израел и Хамас.

Таткото на момчето, Одај Ал-Фајоме, рече дека неговиот син и неговата сопруга го познавале сопственикот и дури биле во добри односи со него пред ужасниот напад.

„Тешко е да се замисли човек кој држи нож и планира да го избоде мојот син. Постојано размислувам како мојот син истрча кон него пред да биде избоден, обидувајќи се да го прегрне“, рекол таткото.

Мајката на момчето, Хана Шахин (32) се здобила со повеќе од 10 убодни рани. Таа е во болница и се очекува да преживее.

Полицијата ги пронашла момчето и неговата мајка во саботата наутро во нивниот дом.

Мајката и синот живееле во приземјето од куќата две години, според локалниот огранок на Советот за американски исламски односи (CAIR).

Повикувајќи се на СМС пораките од мајката до таткото на момчето, осомничениот наводно извикал: „Вие муслиманите мора да умрете!“ пред убодот, навеле од CAIR-Chicago.

Слични содржини