Таткото на Боки 13 расплакан: Го третираат како најголем терорист, ќе излезе од затвор како нов човек

од Nikola Popovski
564 прегледи

Таткото на Бојан Јовановски, Миле зборувал пред српските медиуми за својот син кој моментално е во затвор откако беше осуден во случајот „Рекет“. Во разговор за „Блиц“, постариот Јовановски им порачал дека му недостига синот.

-Неговото здравје не е добро, му останаа само речиси десет проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми. Владата го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшна тортура. Тој нема услови во затвор. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Бара да му се прекине казната, но тоа не го добива ни за да се опорави барем малку. Бојан е инвалид на кој му треба помош, изјави Миле Јовановски.

Додал дека кога Бојан бил уапсен, многу луѓе го оставиле и дека бил осуден без докази.

Според српскиот медиум, таткото на Боки 13 се расплакал на крајот од интервјуто и им порачал на луѓето кои се уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.

-Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да се занимава со водителство. Се гледаше дека беше шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваа, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол да „очекуваат нов Бојан“, порачал Миле Јовановски.

Во 2020 година, Боки-13 доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори на 15 јули 2019, година, кога беше уапсен и Јовановски, кој од тогаш се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.

Слични содржини