Се надевам дека случајот со мојата ќерка ќе биде последен, вели Илир Адеми, татко на 11-годишната Ембла од Гостивар откако родители од основното училиште „Единство“ покренаа петиција девојчето кое е со даунов синдром да не учи во исто одделение со нивните деца поради агресивност.
Изјавата на таткото на Ембла ја пренесуваат од Општина Гостивар, по неговата средба со градоначалникот Арбен Таравари.
„Го поздравувам градоначалникот кој беше посветен на случајот и му благодарам што се заложи за решавање на овој проблем, се надевам дека овој случај ќе се реши и овој случај ќе биде последен со овие деца и не само за мојата ќерка, туку за сите“,вели Адеми.
Средбата се одржа во специјална просторија во училиштето, подготвена за Ембла, која посетува неколку часови сама со својата асистентка.
„Дојдов да се запознаам со проблемот, бидејќи вчера на ја видов социјалните мрежи загриженоста искажана од голем број луѓе и мислам дека секоја неволја има добра страна, и тука мислам дека е добро што населението се сензибилизира во овој поглед. Како општинска администрација мислам дека овие 4-5 години работевме посветено на овие деца и мислам дека се разликуваме од многу други општини и во однос на изградбата на објект за деца со посебни потреби и центзрог за аутизам“, рече Таравари.