Таткото на Емилија бара доживотна казна за убиецот на неговата ќерка: „Тој е ладнокрвен монструм“

од Nikola Popovski
886 прегледи

Фадил Зејнелов, обвинет за убиството на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, на денешното судење кажа дека се чувствува виновен и го призна делото. Обвинет е за убиство со умисла при вршење на семејно насилство, односно фемицид. Настанот се случи на први ноември минатата година, кога Зејнелов ја усмрти Емилија и сам се пријави во полиција. Обвинителството бара доживотен затвор.

Таткото на Емилија, Слободан денеска во изјава за дел од медиумите дека семејството бара исто така доживотен затвор.

-Се бориме за доживотен затвор. Сега е во рацете на судот. Обвинителката убаво си кажа. Очекувам дека судот ќе пресуди. Смртна нема, но, сакаме доживотна казна како родители. Нека му утепаат некого на убиецот, па нека се кае…Не отишол во полиција да се пријави. Тој е ладнокрвен монструм. Ова не е играчка, човек е…Сираче ни остави, вели таткото на Емилија, додавајќи дека детето на неговата ќерка не посетува настава на училиште и си ја бара мајка си.

-Тешко е, тежок е животот. Не можеме да се смириме. Ако му дадат доживотна казна, таму да го утепаат во затвор, да не живее, рече Слободан пред Штипскиот суд.

Пресудата за убиството на Емилија ќе биде објавена во среда. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

Слични содржини