Таткото на Ѓоковиќ заврши во болница, откриена причината

од Nikola Popovski
199 прегледи

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ, во неделата наутро бил примен во Ургентниот центар во Белград, јавуваат српските медиуми.

Како што дознава српски „Телеграф“, Срѓан бил примен во болница поради повреда на рамото и моментално се наоѓа на Одделението за ортопедија.

Сè уште не е одлучено дали таткото на Новак ќе биде задржан и хоспитализиран или ќе добие помош, а потоа ќе биде пуштен на домашно лекување.

Изминативе денови тој можел да помине малку повеќе време со својот син од вообичаено, бидејќи Новак е во Белград каде се подготвува за продолжението на сезоната.

Срѓан и неговата сопруга Дијана претходните години одеа и го бодреа Новак на турнирите, а следниот треба да биде оној во Рим, на почетокот на мај.

Српскиот тенисер во текот на годинава настапи на Австралија опен, Индијан Велс и Мастерсот во Монте Карло и има две полуфиналиња во Мелбурн и Монако, додека во Индијан Велс беше елиминиран во третото коло.

Фото: MN PRESS

Слични содржини