Таткото на Хејли Бибер замоли за „молитви и благослови“ за неговата ќерка и Џастин Бибер

од Vladimir Zorba
541 прегледи

Стивен Болдвин повторно загрижи еден куп обожаватели откако сподели објава во која бара „молитви и благослови“ за неговата ќерка Хејли Бибер и нејзиниот сопруг Џастин Бибер.

Во понеделникот, 57-годишниот актер сподели објава од Виктор Маркс, основач на All Things Possible Ministries, црковна заедница во САД, која вклучуваше видео од славниот пејач како свири гитара и ја пее песната „ Could Sing of Your Love Forever“ од Hillsong Worship.

– Христијани, ве молам, кога ќе помислите на Џастин и Хејли, одвојте миг и испратете им мала молитва, за нивна мудрост, заштита и да се приближат до Господа – напиша тој во објавата.

Во натписот, Виктор истакна дека неговата сопруга Ајлин Маркс и мајката на Хејли, Кенија Болдвин, „често се молат заедно“ за младата двојка.

– Има посебни предизвици со кои се соочуваат луѓето на високи позиции, а непријателот не сака тие да се доближат до Исус – истакна тој.

– Без разлика на материјалните работи или признанијата, тие често се соочуваат со духовна војна која е интензивна и која настојува да ја уништи нивната вера, бракот и животот воопшто. Ви благодариме за помошта“, продолжи тој во објавата објавена од страна на Page Six.

Додека Стивен ја сподели објавата на неговите приказни на Инстаграм, тој не понуди дополнителен контекст за тоа низ што минуваат Хејли и Џастин. Сепак, фановите се загрижија за двократниот добитник на Греми и моделот, како и за состојбата во која се наоѓаат бракот и почнаа да пишуваат бројни молитвени коментари.

– Ним им се потребни нашите молитви повеќе од кога било – беше еден од коментарите под објавата, иако контекстот на нивните проблеми никогаш не беше разјаснет.

Последен пат парот беше виден на овогодинешниот Супер Боул, кога Џастин требаше да настапи со Ашер за време на полувремето, но тој одби бидејќи „не сметаше дека треба да настапи“.

Инаку, на пејачот му бил дијагностициран синдромот Ремзи Хант, кој освен болен осип, може да предизвика и парализа на лицето и губење на слухот. Сепак, претходно овој месец тој настапи во живо за прв пат по повеќе од една година, на интимна свирка во Drake’s History Club во Торонто пред Ол-стар викендот на НХЛ во 2024 година.

Слични содржини