Таткото на Леди Гага преку Твитер бара помош: Ми требаат 50.000 долари

Таткото на пејачката Леди Гага, Џо Џерменота, е сопственик на ресторани во Њујорк кои поради пандемијата морал да ги затвори и отпуштил триесет свои вработени.

Тој неодамна, преку Твитер,ги замоли сите кои се во можност да му помогнат и да уплатат пари како би можел да им даде плата на своите вработени. Џо, како што пренесуваат странските медиуми, ниту помалку, ниту повеќе, рекол дека му требаат 50.000 долари.

„Дадов се од себе, но морам да ги затворам на еден месец. На нашиот персонал му е неопходна финансиска помош. Секоја е добредојдена“, напишал на својот Твитер профил.

Овој негов пост предизвика „гужва“ на социјалните мрежи, а многумина го осудија и наведоа дека неговата ќерка може да му помогне.

По коментарите, Џо ја избриша објавата.

Слични содржини